Николовски: Земјоделци, работевме заедно со Вас и за само две и пол години направивмe многу

Вести

Драги земјоделци,

Вие подобро од сите знаете дека преку ноќ нема ништо. Колку само внимание, посветеност и грижа треба за секое зрно семе да роди здрав плод. Колку само труд треба за стеблото да се врати во живот откако истото заболело.

Нашето стебло драги луѓе болуваше 11 години.
Многу чекори наназад отидовме.

Но работевме и заедно со Вас за само две и пол години направивмe многу:

📍Ги зголемивме субвенциите, исплатата се одвива редовно, навремено и неселективно, нема веќе лажни и партиски земјоделци, нема веќе привилегирани.

📍За толку кратко време, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, а продолжуваме во идниот мандат со поддршка од 200 милиони евра годишно.

📍Станавме лидер во искористеност на ИПАРД фондовите драги пријатели!

📍Ја воведовме зелената нафта, 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци.
Сега покриваме 50 проценти, а во наредниот мандат ќе ја покриваме целосно.100 проценти! Зелената нафта ќе биде целосно бесплатна.

📍Поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра;

Многу е постигнато, а ќе се постигне уште повеќе.

Не дозволувајте да си поигруваат со вашите чувства. Не ви нудат ништо, само пропаганда. Нема никакви конкретни планови, бројки, концепти.

Затоа на 15 јули изборот за Вас, земјоделците е јасен и едноставен.

Ќе изберете повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите домови. Нема да дозволите повторно да ги газат вашето достоинство и труд.

Со СДСМ и Коалицијата Можеме ќе создадеме модерно и конкурентно земјоделство.

Љупчо Николовски

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *