Николовски:Зголемување од 14 на 60 милиони денари за мерката „Набавка на приплоден добиток“ во 2019 година

Вести

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше во работна посета на Берово каде имаше средба со сточарите. Министерот истакна дека развојот на сточарството влегува во фокусот на МЗШВ.

-Зголемување од 14 на 60 милиони денари за мерката „Набавка на приплоден добиток“ во 2019 година. Со оваа мерка ќе се обнови генетскиот потенцијал на сточниот фонд и ќе се зголеми продуктивноста на производството. За прв пат објавивме наменски оглас за државно земјоделско земјиште под закуп за производство на добиточна храна, а за следната година се планирани 600 илајди евра за колектори за струја на бачилата со овци, истакна Николовски.

Николовски нагласи дека развојот на сточарството влегува во фокусот на МЗШВ.

-За оваа цел воведовме нови мерки за поддршка на гранката и активно работиме на нов Закон за патишта, со што по 20 години ќе се уреди постапката и користењето на пасиштата во државна сопственост, додаде Николовски.

Николовски на присутните им порача дека МЗШВ активно работи, поттикнува развој на земјоделството и руралните средини, создава конкурентно и модерно производство, овозможува стабилен пласман и повисоки приходи за македонските земјоделци и сточари.

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *