ОД ДЕНЕСКА ВЕЌЕ НЕ МОРА ДА СЕ НОСИ МАСКА НА ОТВОРЕНО

Вести

Од денеска веќе нема да мора да се носи заштитна маска на отворено и ќе можат да се организираат свадби со ограничен број луѓе, што се последни чекори во олеснувањето на коронамерките во земјата. Ова вчера беше усвоено од Главниот координативен штаб за борба против ковид-19 и официјално треба да биде потврдено денеска од Владата.

  • Се укинува мерката за задолжително носење маска на отворено, што беше воведена уште во октомври.
  • Маска и натаму ќе мора да се носи во затворени простори и во јавен превоз.
  • Се дозволува организирање прослави и свадби на летните тераси од угостителските објекти, со присуство на најмногу 100 луѓе.
  • Спортските натпревари на отворено ќе се играат пред публика, но капацитетот ќе биде ограничен на 30%.
  • Општата забрана за движење од полноќ до четири часот останува на сила до 15 јуни.
  • Во изминатите седум дена, во Македонија се регистрирани вкупно 222 нови случаи на зараза, додека бројот на активни случаи падна на 1.150.
  • Според последниот извештај на Министерството за здравство, досега се вакцинирани 315.781 лице, од кои 81.273 со две дози.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *