Променливо облачно и свежо со локален дожд и ретки грмежи

Вести

Времето ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со попладневен повремен пороен дожд. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот следува од утре.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *