По огласувањето на 900 хектари земјоделско земјиште од третата целина од некогашниот комбинат Џумајлија се подготвува нов јавен повик за последниот останат дел од земјиштето.
Овој пат ќе се објави оглас за помали парцели со големина до три хектари, односно, вкупно ќе бидат огласени околу 600 хектари, со цел и помалите земјоделци од овој регион да дојдат до површина за обработување.
Намената за која се дава земјоделското земјиште е подигање долгодишни насади со лозје, овоштарници и хмељ, оранжерии, долгодишни насади со лешник, маслинарници, ливади, рибници, површини за спортско-рекреативни активности и рурален туризам и одгледување на други земјоделски култури.
Издвоени се скоро 11.000 хектари слободна земјоделска површина, поделена во блокови која следните месеци ќе биде објавена во огласи.
Според министерството одредени се и нови соодветни локации за откупно-дистрибутивни центри што ќе бидат понудени на заинтересираните компании за изградба на нови капацитети за купување и пласман на земјоделското призводство.