Опасната Африканска свинска чума стаса до Бугарија

Вести Сточарство

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов ќе одржи прес конференција на која ќе зборува за опасноста од смртоносниот вирус кај свињите, наречен Африканска свинска чума.

Советничката за земјоделство на премиерот Заев, Ленче Николовска алармира дека оваа болест е веќе пред вратите на Македонија.

,,АЛАРМАНТНА И ОПАСНА е состојбата со појавата на вирусот Африканска свинска чума за која нема лек ни вакцина, може да го уништи свињарството во земјава и сите фарми да се затворат, а луѓето да останат без работа.
Колку е сериозна ситуацијата и што треба да се превземе, денеска во 10 часот прес конференција ќе одржи директорот на АХВ- Зоран Атанасов.
Новинари ве замолувам со сета сериозност да го проследите настанот и да помогнете да спречиме појава на болеста која е веќе дојдена до Бугарија. Пола Европа се соочува со овој голем проблем и се бараат начини како да се реши. Според експертите и искуството од земји кои го спасиле свињарството, единствен начин е започнување на организиран санитарен отстрел на диви свињи“-пишува Николовска.

Вонредна прес конференција во истото време е закажана и во Софија на бугарскиот директор на Агенција за храна и ветеринарство.

Во областа на Русе е прогласена вонредна состојба, а веќе се преземаат мерки за уништување на 17.000 заболени свињи од Африканска свинска чума.

Во прашање е доведен опстанокот на една од трите најголеми фарми за одгледување на свињи од каде се снабдува една третина од Бугарија со овој вид месо.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *