Утре во Македонски Брод ќе се спроведува теристичка дезинсекција со цел уништување на комарци

Вести

Утре, четврток, 2. 9. 2021 година во периодот од 21 до 03 часот на територијата на Македонски Брод, екипа од Центарот за јавно здравје-Прилеп ќе ја спроведува теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци. Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени површини како во градското подрачје така и на периферијата од градот. Покрај теристичката дезинсекција ќе се спроведува и ларвицидна дезинсекција.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да преземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *