Општина Кавадарци ги повикува лозарите и овоштарите да пријават штета од суша

Вести

Општина Кавадарци ги повикува граѓаните на општината кои имаат претрпено материјална штета на лозови и овошни насади од природна непогода-суша што го зафати подрачјето на територијата на општината, во месеците јули-август 2021 година, штетата да ја пријават во просториите на општина Кавадарци.

Пријавувањето на штетите може да се врши секој работен ден до 10.09.2021 година (петок) во периодот од 08:30 до 16:30 во Граѓански услужен центар-Општина Кавадарци.

На повикот може да се пријават сите што претрпеле последици од оваа елементарна непогода на кавадаречка територија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *