Времето денеска сончево со слаб ветер

Вести

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

УВ индексот ќе биде 7, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 31 степен.

Како што информираат од УХМР до петок ќе се задржи стабилно време, освен во среда околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Во среда и четврток особено вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *