Органски произведената храна е основата за здрав живот

Вести Органско производство Совети

 

Кај нас во Македонија популарноста на органското производство се повеќе расте.

Земјоделците увидуваат дека употребата на органски произведената храна е основата за здрав живот, здрави генерации…

За растенијата да имаат потребна големина и убав изглед, за заштита се користат разни пестициди и инсектициди, но тие растенија не се здрави затоа што не се одгледуваат правилно и здраво.

Треба да се избегнува наводнување од водовод поради присуството на хлор кој им штети на растенијата.

Можете да пробате на пример да поврзете систем со олуци и со буриња во кои може да се соберат и по неколку стотици литри на вода.

Водата да се добива од дождови која најмногу им одговара на растенијата и да се пушта преку систем капка по капка.

Можете да пробате да не користите никакви препарати за заштита од штетници, болести и плевел, или препарати кои немаат „отров“ во својот состав.

Треба да знаете само какои дека природата има свои природни заштитни средства кои успешно вршат заштита од болести и штетници како на пример: Kромидот, копривата, лукот, разни остатоци од овошја и други зеленчуци и се прават идеални комбинации за заштита.

 

Дипл. инж. Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *