Поволните временски услови минатава есен и пролет со доволно влага и врнежи, ветуваат високи приноси кај пченицата. Производителите очекуваат над просечен род во однос на претходните години, особено на површините кај кои се употребени агротехничките мерки.
Јачменот и пченицата се во одлична фаза, а болести нема. Има предуслови дури и за рекордни приноси, доколку на почетокот на мај заврне дожд кој ќе донесе од 10 до 15 литри на метар квадратен. Ова се однесува особено за површините каде се применуваат агротехничките мерки и каде што прихраната и заштитата против болести се завршени, велат експертите.
Со оглед дека минатиот месец имаше брз, интензивен раст на житните култури, стопанствата и индивидуалните производители кои задоцнија со заштитата од плевели треба да ги испрскаат посевите зашто, во спротивно, не ќе имаат што да ожнеат.
Есенва, сеидбата се реализира на околу 70.000 хектари од кои 40.000 се со јачмен.