Кај пчеларството во месец мај настапува првата главна паша од еспарзета и бел багрем. Има и многу други видови дрвенести грмушки и тревни видови: бука, летен даб, јавор, детелина, кориандер и др.
Пред доаѓањето на главната паша, пчеларот
треба да направи преглед за да се информира за силата и здравствената состојба на
пчелните семејства. Кај многукорпусните кошници се става дополнителен спрат, трети
или четврти, ако семејството е многу силно.
При мобилното пчеларење, избраното место е неопходно да се исчисти од висока трева и камења.
Местото за подвижно пчеларство треба да е отцедливо, поставено на источната страна и по можност да има грмушки, под чија ретка сенка има коприва.