Земјоделците многу слабо ги користат информациите од интернет за да дојдат до поголема заработувачка, поголема конкурентност и да ги намалат трошоците во работењето. Како главна причина за тоа е фактот што македонските ниви ги обработуваат земјоделци, чија просечна старост е 57 или 58 години. Затоа и ние како здружение за земјоделци „Современо Земјоделство“, ставаме силен акцент на зголемување на бројот на младите земјоделци, кои можат на интеренет и со смарт телефони да ги следат сите најнови информации од областа на земјоделството.
И агроекспертите сметаат дека покрај земјоделските машини и алати за успешно и квалитетно производство земјоделците треба да ги користат и современите информатички алатки. Интернетот и современите информатички технологии може да им помогнат на земјоделците да разберат како до дојдат до поголема продуктивност, поголема ефикасност и подобри резултати.
Претседателот на Асоцијацијата на земјоделците, Ефтим Шаклев вели дека старосната граница е причина зошто земјоделците не ги користат компјутерите и интернетот за да ги добијат најновите информации што се практикуваат во другите поразвиени земји, како во земјоделството така и во сточарството.
– Ние навистина сакаме да ги користиме и интернетот и другите информации, новата технологија. Меѓутоа, нашите години не го дозволуваат тоа. Ако во фамилијата има некој помлад член, што може да ни направи услуга, ние сме благодарни.
И претседателот на Агробизнис комората, Огнен Оровчанец, е со слично мислење и смета дека покрај примената на современи агротехнички мерки и добра механизација потребно е земјоделците да ги користат и информатичките алати.
– Во современото земјоделство мора да се користат сите сознанија. Самото земјоделство е скап процес и мора да се користат современи агротехнички мерки, добра механизација, како и современи компјутерски техники кои ќе им помогнат на земјоделците да го оптимизираат своето производство, вели Оровчанец.
Нашиот совет е да станете дел од земјоделско здружение кое ќе ги застапува Вашите права и ќе ве известува за сите најнови информации, конкретно да станете дел од „Современо Земјоделство“.