Пелистерка прокнижи добивка од 4,8 милиони денари

Вести

Компанијата Пелистерка од 1-ви јануари до 31-ви декември лани, работеше со добивка 4.817.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успехот објавен на Македонската берза.

На крајот на 2017-та, компанијата евидентираше добивка во висина 4.511.000 денари.

“Финансискиот резултат во споредба со минатата година е зголемен за шест милиони денари, но заради зголемениот данок, чистата добивка е во рамки на минатата година, стои во образложението кон финансиските извештаи.”

Вкупните приходи од продажба во 2018 та година достигнаа 426.668.000 денари. Поголемиот дел од 381.628.000 денари, отпаѓа на продажба во земјата, а остатокот од 45.040.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *