СТРНИШТАТА ПАК ГО ЗАПАЛИЈА КОЧАНСКО ПОЛЕ

Вести

Стрништата пак го запалија кочанско поле. Огнени прстени ноќеска имаше на повеќе локации.

Последниве денови чади од сите страни. Земјоделците палат, пожарникарите по приоритет гасат. Пак од огнот ја спасуваа пречистителната станица кај Мојанци, но и куќите во Прибачево.

Зафатена е огромна површина, пожарникарите само во овие три дена имале 20-ина интервенции. Денес низ полето ќе одат и мешани патроли со полицијата. Рамо до рамо со професионалните на терен се и доброволните пожарникари.

Државата останува немоќна и без стратегија. На терен нема доволно инспектори.

Еко активистите сметаат дека решенија има, но потребна е институционална волја да се спроведат. Има готов проект за добивање биомаса, предлог за додатоци на комбајните што би ја сецкале сламата при жетва и поинтензивно собирање на сламата за пречистителната станица.

И покрај апелите земјоделците не ја напуштаат традицијата на палење стрништа. Не го земаат во предвид фактот дека огнот ги спасува од едно орање, но ја зголемува употребата на ѓубрива, се загадува воздухот, а страдаат и барските животни и растенија.

Лани во име на традицијата како колатерална штета изгореа околу 500 ха неожнеани ниви, лозја и овоштарници.

Извор 24 вести

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *