Петар Јанчески од Кривогаштани: Огласот „Млад Земјоделец“ ме направи успешен млад земјоделец

Вести Интервју

Петар Јанчевски е млад земјоделец од Кривогаштани кој со своите 25 години, активно е вклучен во земјоделството.  За него е единствената професија од која е многу задоволен, па во интервјуто за Современо Земјоделство, истакна дека откако аплицирал на огласот за „Млад земјоделец“ и добил позитивен одговор, неговиот живот се променил кон многу подобро.

-Со земјоделство се занимавам од како знам за себе, повеќе од 15ина години. Заедно со моето семејство работиме чесно, вредно и нашиот труд се исплаќа. Во моментов садиме пипер на 4 декари, со приноси од 15 тони, тутун на 11 декари, со принос од 2 тона и пченка на 1 хектар, со принос од 4 тона – рече младиот Петар.

Петар истакна дека нема никакви проблеми со пласманот за своето производство. Соработува со фирмата „Агрорајчин“ од Кривогаштани за пиперот и пченката а за тутунот соработува со кавадаречкиот монопол „Алијанса“.

Тој истакна дека во последните 2 години животот за земјоделците е многу подобрен. Првично поради повисоките субвенции за тутун, поради навремено исплатените субвенции…Откако аплицирал за огласот „Млад Земјоделец“, и од прв пат доби позитивен одговор, Петар откри дека работата ја извршува многу полесно, и има поголема заработувачка.

-Аплицирав за огласот „Млад Земјоделец“ и веднаш ми одобрија. Тоа беше неопишлива среќа. Конечно добивме нов Трактор Тафе, 12 инчен плуг  и четирикрилна брана. Немам зборови да искажам колку оваа помош од државата за моето семејство значи, рече Јанчески.

Тој истакна и дека веќе 8 години има поставено систем капка по капка, а во иднина планира да се прошири, со што повторно ќе ги користи европските фондови.

-Моја следна цел е да аплицирам преку ИПАРД програмата, за да направам голема фарма и земјоделството да прерасне во еден рентабилен семеен бизнис, рече Петар.

На самиот крај од разговорот, Петар им дава поттик на сите млади, активно да се вклучат во земјоделството.

 

-Овој оглас е голема можност за мене како млад човек, како млад земјоделец, да бидам конкурентен на пазарот. Им препорачувам на сите млади да не се срамат од професијата земјоделец, да ги разгледаат сите можности кои им се нудат, а ги има многу, да стапат во контакт со советодавни организации и земјоделски здруженија. Со голема волја, труд, навремени информации, може се да се постигне- рече Петар.

На последниот оглас за „Млад Земјоделец“, 424 млади земјоделци добија неповратни 10.000 евра за инвестиции во земјоделството. Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, истакнаа дека многу наскоро се очекува да излезе нов оглас за аплицирање за „Млад Земјоделец“.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

 

 

 

 

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *