Бугарските земјоделци годишно имаат 1 милијарда евра за аграрот.
200 милиони евра од сопствен буџет и 800 милиони евра од ЕУ.
Посебниот советник за земјоделство на претседателот на владата, Ленче Николовска, имаше средба со министерот за земјоделство на Бугарија, Румен Порожанов кој сподели сопствени искуства за тоа како е да се биде држава – член на ЕУ.
– „Македонски земјоделци вам ви е потребна ЕУ, фондовите и сигурноста која ја нуди. Бугарија е најдобриот пример во регионот какви придобивки носи членството во европското семејство. Само лани за аграрот имавме 1 милијарда и 600 милиони евра, 150 од домашен буџет, сите останати од ЕУ“, рече Порожанов.
Ленче Николовска заедно со Томе Мојсовски при официјалната посета на Бугарија беа и во Земен, во посета на млекарница која е изградена со помош на европски средства.
Во Бугарија со големата искористеност на ЕУ фондовите, максимално го развиле сточарството и млекопроизводството.
Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство