По утринската магла, нѐ очекува сончево и топло време

Вести

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени. Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *