Во тек е Јавен оглас на АВРСМ за отворање на нови работни места во правни субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства

Вести

 

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на ден 12.10.2021 година објави

Ј А В Е Н   О Г Л АС за отворање на нови работни места во правни субјекти (микро, мали и средни претпријатија) кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис преку користење на кредитни средства

Пријава за учество во овој Проект може да достави правен субјект (микро,  мало и средно  претпријатие) кој:

–        е регистриран најмалку 6 месеци

–        има изготвено годишна сметка за претходната година,

–        има најмалку 1 вработено лице на денот на аплицирањето и

–        не го намалил бројот на вработените лица во последните 3 месеци пред денот на аплицирањето.

Пријава за учество во овој Проект може да достават и невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како активни баратели на работа,  кои не биле во работен однос кај истиот работодавач кој аплицира за учество во проектот најмалку 1 година пред денот на аплицирањето.

Правните субјекти може да добијат кредит во износ од 5.000 евра за секое новоотворено работно место, без ограничување на бројот на лица кои може да ги вработи.

Правниот субјект кој ќе вработи невработено лице со полно работно време, има обврска да го задржи на работа најмалку 3 (три) години од денот на засновање на работниот однос. Доколку дојде до прекин на работниот однос, работодавачот е должен на негово место да вработи друго невработено лице со полно работно време кое ги исполнува условите од Проектот, во спротивно треба предвремено да го врати кредитот во целост.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

·         Рок на враќање на средствата е 4 години со вклучен грејс период од 1 година,

·         Каматна стапка од 1% на годишно ниво,

·         Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за која правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.

Правниот субјект при пријавувањето должен е да:

–        на денот на пријавувањето не е во стечајна постапка или ликвидација,

–        ги има измирено сите даноци и придонеси,

–        има остварено добивка во претходната година

Доколку правните субјекти, по извршеното поврзување со невработените лица кои имаат доставено пријава по објавениот јавен оглас, не успеат да ја задоволат својата потреба од работник со соодветен профил, Центарот за вработување ќе пристапи кон посредување со пребарување заради наоѓање на невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Пријавата за кредит може да се поднесе во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување, на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk, како и на FB страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. За сите дополнителни прашања може да се обратите на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mkи kabinet@av.gov.mk.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *