Thursday, January 20, 2022

Почна откупот на тутунот, производителите бараат по фер проценка

Вести

Осумте откупувачи во земјава кои треба да превземат 20 илјади тони од годинашнава сезона денеска официјално го започна откупот на тутунот.

Досега се откупени 1700 тони по просечна откупна цена од 181 денар.Тутунарите не се задоволни бидејќи според квалитетот нивните очекувања се над 210 денари за килограм.

И од сојузот на ново формираните тутунски здруженија на адреса на откупувачите пристигнуваат низа забелешки.

Поради ниските откупни цени многу од тутунарите наместо да го предадат родот од оваа реколта го враќаат назад.Со барање ценачите на вагите правилно да ја определевуваат класата и утврдената цена.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *