ПОРАСТ на земјоделското и сточарското осигурување – модел кој целосно го прифаќа СН Осигурителен брокер Битола

Вести Интервју

СН Осигурителен брокер Битола е партнер на земјоделците и сточарите.  За „Современо Земјоделство„ го претставува информативниот модел кон ПОРАСТ на земјоделското и сточарското осигурување.

За да направиме едно некласично интервју, разговаравме со еден од извршните директори на СН  Осигурителен брокер, господинот Зоран Пејчиновски. Тој ни откри многу за нивната работа, за неодамнешната Конференција за осигурување во земјоделството, а официјално најавуваме и заедничка едукација за земјоделското и сточарското осигурување.

 

-Ако се знае дека на територијата на Републиката од вкупно евидентираниот број од 90.000 земјоделци, само 4% се осигурани, јасно е дека основната насока и основна цел кон која треба да се движи осигурителниот сектор е изнаоѓање на модел за зголемување на осигурителната премија и полиси во делот на осигурување на посеви и плодови, а посебно во делот на осигурување на добиток.

Всушност, и основните заклучоци донесени на неодамна одржаната Конференција за осигурување во земјоделството беа во оваа насока: јасна регулатива, повисока свесност и високо ниво на професионалност.

 

(Фото: СН Осигурителен брокер со учество на конференцијата за осигурување во земјоделството)

 

Ние како СН Осигурителен брокер Битола нескромно истакнуваме дека сме лидери меѓу брокерските друштва не само со фактот што од оние 4% осигурени земјоделци, 80% од полисите се изработени токму кај нас, туку и со превземање на активности за наше вклучување во процесот на донесување на законски мерки и начини на обесштетување на земјоделците и нивно целосно информирање.

Имено, сакаме да најавиме дека тимот којшто работи на земјоделското осигурување во СН Осигурителен брокер Битола веќе започна со имплементација на нов концепциски модел и за периодот кој следува најавува организирање на јавни трибини и директни средби со земјоделците и сточарите по РЕГИОНИ во државата, како и со активности за нивно потполно медиумско информирање.

 

Постојната состојба во земјоделскиот сектор покажува извесна специјализација на планските региони за производство на определени земјоделски култури, што за СН Осигурителен брокер Битола е олеснување во процесот на дефинирање на новиот концепциски модел. Така, во Вардарскиот плански регион ќе се ориентираме кон моделите на осигурување на житариците, овоштарството и лозарството како најважна стратешка гранка. Во Источниот плански регион кон оризот и компирот, чие производство треба да се унапредува бидејќи овој регион има потенцијал да создаде извозни брендови од овие два производа.

Овде, како СН Осигурителен брокер Битола подвлекуваме дека за прифаќање на ризиците во процесот на унапредување на квалитетот основен е моментот на осигурување.

За разлика од овие два региони, во Југозападниот плански регион ќе се концентрираме на сточарството и лозарството, а во Југоисточниот плански регион за градинарството и тутунот.

И секако нашиот Пелагониски регион со 17,7% од вкупно 650.000 ha хектари обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија.

Концепцијата на новиот МОДЕЛ за информирање треба да овозможи квалитетна поддршка и квалитетна комуникација со земјоделците и сточарите во процесот на продажба.

Според нашите анализи и искуството од изминатите три години, сметаме и предлагаме, во новите модели на осигурување да бидат инкорпорирани следните ризици:

  • Производствен ризик: ризик од намалување на квалитетот на производот и/или количината на производот (природни катастрофи, недостаток на вода, урбанизација);
  • Оперативен ризик: недостаток на работна сила, расипување на механизацијата, пожари, незгоди;
  • Пазарен ризик: волатилност на цените;
  • Финансиски ризик: недостаток на финансии, каматни стапки;
  • Технолошки ризик: нужност од следење на современите технологии заради зачувување на конкурентноста;
  • Институционален и регулаторен ризик: увозна и извозна политика;
  • Инфраструктурен ризик: ризик од неадекватна инфраструктура за производство, складирање и дистрибуција на производот.

 

Ова се впрочем и основните НАЧЕЛА на кои СН Осигурителен брокер Битола го темели концепцискиот МОДЕЛ на информирање на клиентите во процесот на земјоделско и сточарско осигурување.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *