Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, трето тримесечје од 2018 година

Вести

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2018 година, во однос на третото тримесечје од 2017 година, е зголемено за 15.0 %.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови,  друго обло дрво од листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огрeвното дрво од иглолисни и листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови,  рудничкото дрво од  иглолисни и листопадни видови и друго обло дрво од иглолисни видови.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *