Постигната согласност за флексибилен и фер пристап кон категоризацијата на тутунот на средба со компаниите откупувачи

Вести

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа имаа средба со претставниците на овластените компании за откуп на тутунот на којa е постигната заедничка согласност за поголема флексибилност при откупот на годинешната реколта кој, согласно законот, започнува денеска со отворање на сите откупни места во државата.

На состанокот било договорено дека компаниите откупувачи ќе покажат конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот, вклучувајќи го овој пристап и кон проценката за одбиток.

„ На средбата беше потенцирано како прифатлива заложбата да се врати довербата во утврдената постапка и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории тутун како обврска на тутунопроизводителите за да не се создава перцепција на ниска просечна цена заради појавата во првите денови на откупот кога производителите ги нудат само пониските категории тутун.

Во насока на оваа препорака беше истакнато дека откупувачите се согласија да ги прифатат понудените количини од производителите кои пак ќе бидат обврзани да нудат подеднакви количини од сите категории за да постигне повисока просечна цена и да не се чуваат залихи од поквалитетниот тутун“ соопшти владината прес-служба.

На средбата, сите компании откупувачи се согласиле дека и оваа година ќе ја исполнат својата обврска да ги откупат сите количини на кои се обврзаа со државата, а со тоа и со тутунопроизводителите.

Дополнително се постигна согласност дека до крајот на сезоната, откако ќе заврши откупот на договорените количини за оваа година, ќе се откупи и целиот вишок и дека ниту еден лист тутун нема да остане кај тутунопроизводителите доколку тие за време на целиот откуп нудат подеднакви количини од сите категории од нивното производство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *