Предности зошто да подигнете насад со орев

Вести Совети

НЕКОЛКУ ПРЕДНОСТИ ЗОШТО ДА ПОДИГНЕТЕ НАСАД ОД ОРЕВ ?

Кога ке се споредат трошоците на подигање насад од орев со нивната економска профитабилност, животниот век на оревот, тогаш се доаѓа до заклучок дека е повеќекратно исплатлив бизнис.

Предности на одгледување на орев во однос на друго овошје е минималното вложување покасно т.е за време на оддржување на насадите.

Плодот од орев секогаш има свој пазар, лесно може да се продаде и откупот е гарантиран.

Ви наведуваме уште неколку причини зошто да засадите токму Орев?

 

1. Плодот од орев многу полесно се складира во магацин и поевтино е за разлика од други овошја.

2. Оревот може да стои 18-20 месеци во лушпата, а да не се расипе. Така е можно да се продаде кога ние ке посакаме.

3. Плодот од орев може да го продадете во лушпа или пак како јатка.

4. Во однос на другите овошја болестите многу малку влијаат на нив.

5. Бербата на оревот можно е да се врши и механички што го намалува трошокот во време на неговото собирање.

Можно е да се набројат уште многу позитивни и корисни работи за оревот и затоа треба да се даде поддршка за експанзијата за подигање на насади од Орев на нашите простори.

 

Дипл. инж. Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *