Во полн ек е откупот на вишни во Bim Food DOO

Вести

“BIMFOOD” d.o.o. е модерна компанија, обучена и опремена за преработка на шумски плодови, овошје, зеленчук и печурки и за обезбедување разни услуги во зависност од потребите на своите клиенти на најпрофесионално ниво.

Во моментот, во полн ек е откупот на вишната кој ќе трае до 10-15 јули. Вишните се откупуваат лично на терен низ цела држава и тоа директно од самите овоштарници. На тој начин екипата на Bimfood откупува само квалитетни плодови.

По откупот, Bimfood со својот габаритен капацитет на замрзнување од 8000 тона на годишно ниво, вишната ја преработува комплетно и ја замрзнува во шок тунел.

Пакувањето е генерално по 10кг во палети или по желба на купувачот.

Дневно се преработува свежа вишна околу 35-40 тони, а се добива околу 25 тони замрзнат готов производ дневно.

Цената е пристојна, откупот се извршува со валидни договори од двете страни, во амбалажа на откупната компанија.

Вишните се познати по своите бројни лековити својства и антиоксидантни дејства. Тие се богати со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, минерали, калиум, магнезиум, железо и растителни влакна. Вишната содржи феноли, галична киселина и п- кумаринска киселина, кверцетин и кемферол. Силните анти-воспалителни својства ја прават вишната корисна за намалување на болки при гихт,воспалени мускули, остеоартритис и многу други.

 

Од “BIMFOOD” ги повикуваат сите кои имаат поголеми количини вишни, да се обратат на нивниот телефон +38976 463 786, за навремен и успешен откуп.

“BIMFOOD” d.o.o. е синоним за квалитет и автентичност, благодарение на вниманието во барање на најквалитетна суровина како и нејзина преработка со најмодерна технологија.

Долга работна традиција и модерна технологија на преработка и пакување, ја прават компанијата “BIMFOOD” d.o.o. една од лидерите за собирање, преработка, пакување и дистрибуција на печурки и останатите шумски плодови во реонот на Македонија и Балканот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *