Невообичаено ниски температури на воздухот кој ќе бидат пониски од нормалните дури за десет степени ќе услови студениот бран кој се движи кон балканот и Македонија и истиот нас ќе не зафати во текот на ноќта понеделник кон вторник и ќе биде проследен со засилен ветер од северен и од северозападен правец а температурите на воздухот значително ќе опаднат. Поради падот на температурите врнежите од дожд кој ги имаме и ќе ги имаме понатаму на планините ќе преминат во врнежи од снег со што има услови за формирање на нова снежна покривка.
Стабилизирање на времето ќе има во текот на ноќта вторник кон среда кога во најголемиот дел од државава ќе настапи разведрување и токму поради ова но и поради понатамошното спуштање на студената воздушна маса од север во среда наутро ќе биде особено студено кога ќе се зголемат и условите за појава на мраз. Во среда наутро минималните температури понекаде ќе се спуштат под нулата односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека на високите планини ќе биде значително постудено, најсвеж ден пак ќе биде вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 8 до 17 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Поради очекуваниот студен бран земјоделците да бидат спремни и да ги заштитат своите земјоделски култури и посеви поради опаснот од премрзнување токму поради многу ниските температури кој се невообичаени за овој дел од годината и се очекуваат во текот на ноќта вторник кон среда.