Презентиран концептот пред банките за мерката „Зелена нафта“

Вести

Во Министерството за земјоделство вчера се одржа состанок со банките преку кои ќе се врши исплатата за „зелената нафта“.

Како што соопшти ресорниот министер Љупчо Николовски, станува збор за нови над 55 000 клиенти поради што на банките им се презентира планираниот концепт.

Николовски побара трпение од земјоделците за „зелената нафта“ зашто мерката, рече, е нова, но, веќе е внесена во планот за 2019 година и потребните средства се обезбедени.

-Го променивме Законот за земјоделство и рурален развој, по долга блокада од опозицијата.  Владата ја донесе методологијата за која површина, на кој начин и во кој износ ќе им следува „зелена нафта“ на земјоделците. „Зелената нафта“ е внесена како мерка во Законот. Бараме разбирање од земјоделците зашто станува збор за нова мерка која мора да ја тестираме. Во Министерството се одржува состанок со сите банки преку кои би се реализирала оваа мерка. Им го презентираме нашиот концепт за да видиме колкав е интересот, зашто станува збор за нови над 55 000 клиенти. Тие ќе добијат зелени, дебитни трансакциски картички со посебна сметка на која ќе ги добиваат средствата, единствено за оваа намена. Целата постапка е во тек, а во наредните недели ќе го завршиме тестирањето на моделот и ќе и го презентираме на јавноста, изјави Николовски.

Во Буџетот За 2019 година се предвидени средства за „зелената нафта“. Првата година се предвидува 30 отсто покривање на трошоците, а наредните години е можно подрршката да расте и до 50 проценти.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *