51 апликација на двата јавни повика преку проектот на ЕУ „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Р. Македонија“

Вести

Пристигнаа 51 апликација на двата јавни повика преку проектот на Европската Унија „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Република Македонија“.

Од нив 20 апликации се од постоечките задруги а 31 апликација се за формирање на нови задруги. Сите тие ќе добијат техничка помош и помош за изготвување на бизнис планови. Во периодот што следува ќе се објави уште еден повик на кој што од сегашните пристигнати апликации, ќе се изберат 12 нови и 8 постоечки задруги кои ќе добијат финансиска поддршка.

-Ова е значаен проект за македонското земјоделство, бидејќи со развојот на земјоделските задруги следуваат бројни економски и социјални придобивки за земјоделците. Наша крајна цел е да поттикнеме модернизација на македонското земјоделство и зголемување на неговата конкурентност, истакна министерот Николовски.

Проектот е во вредност од 1,9 милиони евра и е финансиран од европските ИПА фондови.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *