„Прилепска пиварница“ за половина година продала пива и сокови за 13,85 милиони евра

Вести

Прилепска пиварница од април до јуни направи приход од 8,85 милиони евра на домашниот пазар. Во овој период добивката ја зголеми за 700.000 евра до 1,1 милиони евра за првото полугодие. Компанијата во првата половина од годинава има приходи од продажба од 13,85 милиони евра и оперативни расходи од 13,7 милиони евра, а во билансите пишува дека има нови вложувања од 3 милиони евра.

„Прилепска пиварница“ за половина година продала пива и сокови за 13,85 милиони евра. Во вториот квартал продажбата изнесува 8,85 милиони евра и тоа е за 177 отсто поголема продажба од реализацијата во првото тромесечје годинава, покажуваат податоците од билансот на успех на оваа успешна домашна компанија чиј најпознат бренд е пивото „Златен даб“.

За првите шест месеци годинава пиварницата има приходи од продажба поголеми за 10 отсто односно за 1,21 милиони евра во споредба со лани. Според податоците се гледа дека производите на „Прилепска пиварница“ се омилени на македонските потрошувачи. Дури 13,61 милиони евра се приходи од продажба остварени на домашниот пазар. Оперативните расходи за првото полугодие се 13,7 милиони евра и во споредба со истиот период лани се повисоки за 1,9 милиони евра.

Оперативната добивка е 917.000 евра и заради зголемените оперативни трошоци е пониска за 37 отсто односно за 527.000 евра во споредба со лани. Нето финансиските приходи на компанијата во првото полугодие се 184.500 евра и тие придонесуваат за добивката која за првите шест месеци е 1,1 милиони евра. Во споредба со лани добивката е пониска за 615.000 евра во споредба со лани.

Според официјалните податоци од билансот на состојба и од паричниот тек се гледа дека компанијата ги зголемила своите инвестиции во ставката недвижности, опрема, транспортни средства. Според билансот на состојба се гледа дека вредноста на постројките, опремата и материјалните средства пораснала за 5 милиони евра до 14,53 милиони евра во споредба со лани. Од паричниот тек се гледа дека во првите шест месеци компанијата платила 3 милиони евра во ставката недвижности, материјални средства, постројки.

Обврските на компанијата на крајот на јуни се 5,14 милиони евра и се повиоски за 404.000 евра во споредба со истиот период лани односно книжат раст за 9 отсто.

Многу е значајно да се истакне тоа што компанијата нема обврски по кредити и дека има акумулирана добивка во износ од 27,5 милиони евра.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *