Проблемите во земјоделството се генерирани со години и не може да се решат преку ноќ, вели Анѓушев

Вести

Проблеми во земјоделството има и ќе има. Тие се генерирани со години и не може да се надминат преку ноќ, но се решаваат, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на владиниот економски тим, Анѓушев посочи дека веќе е решен проблемот со откупот со сливите, откупот на грозјето, проблемот со месото и житото….

Во однос на учеството на земјоделството во вкупниот Бруто домашен производ, Анѓушев рече дека просечниот раст на земјоделството во првото полугодие се движи во рамки на растот којшто го предвидела Владата за БДП на годишно ниво.

– Во првиот квартал е малку поголем, во вториот квартал е малку помал, но учеството на земјоделството во растот на БДП е над три проценти за првото полугодие, истакна Анѓушев.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски очекува дека растот и учеството на земјоделството во вкупниот БДП ќе расне со спроведувањето на владините политики.

– Целосно бевме посветени во овој период да ги решаваме тековните проблеми во секој поглед и преку 10 милиони евра се исплатија само за интервенти, дополнитени мерки за стабилизирање, изјави Николовски.

Посочи дека има раст во делот на платите во земјоделството, кај извозот на земјоделски производи и кај преработувачката индустрија. Годинава, како што рече, почнати се и најкрупните проекти во водоснабдувањето како изградбата на бањата Коњско и браната Равен-Речица, а во септември се очекува да биде склучен и договорот за Јужна вардарска долина 2.

– Дополнително се обезбедени и 20 милиони евра за нови проекти во делот на системите за наводнувањето. Тоа е системот за наводнување Лисиче и системот за наводнување во Јужна вардарска долина 3, рече Николовски.

На некоја од следните владини седници, како што посочи, се очекува да биде усвоена и методологијата по која ќе се доделува зелената нафта.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *