Шипката – исплатлив агро бизнис

Вести Совети

Александар Продановиќ од српскиот град Ваљево направил одличен бизнис со одгледување на шипка.

Оваа година шипката имаше добра откупна цена и успеал да се пласира на турскиот пазар.

Во селото Мрчич има 3000 садници, а 4.5 тони производство продава без разлика дали е свежо, суво или џем.

„Пазарот е голем, цената расте, и оваа сезона беше 80 динари по килограм. Во однос на другите култури како малина и слива, нивните цени беа ниски и шипката се покажа како поисплатлива“ – вели Александар Продановиќ.

За шипката додава дека не бара многу вода, лесно се одгледува и садницата брзо расте.

За да се почне со овој бизнис по хектар се потребни 2500 евра вложувања.

За преработка важно е да се бираат сорти на шипка кои имаат најголем плод, а најмалку семки.

Овој човек планира површините да ги зголеми за еден хектар. Како ќе ја продава шипката понатаму, свежа или не зависи од родот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *