Времето денеска облачно и посвежо со врнежи од дожд и снег

Вести

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *