Протест на француските рибари против користење електрифицирани мрежи

Вести

Француските рибари ги блокираа пристаништата Кале и Булоњ во знак на протест поради таканаречениот пулс риболов, кој користи електрифицирани мрежи за да ги зашемети рибите. Рибарски бродови го запреа влезот или излезот на фериботите во Кале, додека блокада од запалени гуми го запре сообраќајот во Булоњ, пренесе Би-би-си.

Кале е главна врска помеѓу Велика Британија и Франција, користена од илјадници туристи и камиони секој ден. Европскиот парламент неодамна гласаше за забрана на пулс риболов, кој главно се користи од страна на холандските бродови.

Портпаролката на пристаништето во Кале рече дека тие биле во преговори со рибарите и дека властите очекувале блокадата да биде завршена до пладне.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *