Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со својот тим и со посебната советничка за земјоделство на Претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска, имаше работен состанок со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагне за состојбата со откупот.
-Се очекува откупот да тече непречено, а ние како ресорно министерство ќе ја следиме состојбата и нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци да имаат загуба од нивниот производ, рече Николовски.
До крајот на јуни годинава ќе заврши пописот на овци и кози, со што ќе се добие точната бројка овци.
-Пописот е многу важен за дефинирање на политиките и правилна распределба на субвенциите за овчарството. Оваа наша иницијатива што се спроведува преку АХВ беше позитивно оценета од откупувачите и извозниците на јагне, истакна Николовски.
Во текот на утрешниот ден ќе се одржи работна средба со претставници на здруженијата на одгледувачи на овци, со кои исто така ќе се разговара за состојбата со откупот на јагнето.
„Современо Земјоделство“