Русија забрани увоз на пченица, чоколада и пиво од Украина

Вести

Руските власти соопштија дека забрануваат увоз на десетина производи од Украина, меѓу кои пченица, чоколада и пиво, како противмерка за економските санкции кои Киев ѝ ги воведе на Русија поради нејзината улога во украинската криза.

„Руската влада одлучи да забрани влез на стоки од Украина во Руската Федерација, како и стока која поминува преку украинска територија“ пишува во соопштението.

На листата се пченица, сончогледово масло, чоколада, леб, конзервирано овошје и зеленчук, пиво, вино, детски пелени и мебел и машини.

Како што се нагласува, забраната стапува на сила веднаш, како одговор на непријателскиот чин на Украина кон руските граѓани и правните лица.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *