Се избраа најуспешните во областа на земјоделството за 2023 година

Вести

Во организација на земјоделското здружение „Современо Земјоделство,“ се одржа традиционалната манифестација „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“, за 2023 годин,  финансирана од МЗШВ. На најдобрите земјоделци им беа доделени признанија за успешност во производството и професионалност во работата.

Претседателката м-р Билјана Петровиќ, истакна дека петта година по ред, признанија ќе добијат успешни земјоделски производители, реномирани компании и стопанственици.

 

-Оваа година, како и сите претходни, ни пристигнаа голем број на предлози, кој се, треба да добие признание за својата работа во оваа област. И навистина е тешко да се направи изборот, посебно кога имаме толку вредни и квалитетни земјоделци, мерки, програми и повици за поддршка на земјоделството. Затоа, нема да штедиме на убави зборови и признанија за оние кои тоа навистина го заслужиле, за да добијат поттик уште повеќе да се вклучат во земјоделството и тоа да им биде приоритена гранка и пристојна егзистенција. Современото земјоделско производство е целта кон која се движиме, а тоа може да се постигне со ангажирање на сите чинители во овој процес, земјоделците, институциите и науката. Затоа особена чест ни претставува што петта година по ред ќе бидеме заедно на едно место, разговарајќи на земјоделски теми и дружејќи се, рече Петровиќ.

Билјана Петровиќ истакна дека  ЗЗ „Современо Земјоделство“, уште од своите почетоци, ги форсира и се залага за млади земјоделци, млади претприемачи и генерално жената – без разлика на возраста, вклучена во земјоделскиот сектор во државата. Овогодинешната манифестација ќе додели признанија токму на младите и на жените, кои се најголем двигател на секторот моментално.

Институционалната  награда е признание за министерот за земјоделство, кој заслужува да се спомне и оваа година, во која беа активни повеќе програми и повици, Ипард 2, нова Ипард 3, национална мерка 1 и 7, повик за млади земјоделци до 40 години со неповратни 10.000 евра, повик за поврат на кредитна камата… Младите земјоделци се во фокусот на сите мерки, програми и политики, кои изминативе години ги креира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од 2017 година до денес 838 млади земјоделци добиле финансиска поддршка за мерката – Млад земјоделец. Во таа насока и признанието за него за оваа година

  1. Министер Љупчо Николовски – Најуспешен министер за афирмација на земјоделското производство кај младите земјоделци

Fresh Line е компанија основана од млади амбициозни луѓе, кои изминатите години работат на договорното производство, на повеќе производи. Со оглед на огромниот придонес на договорното производство за доходовно земјоделство, она што ние го забележавме како нивен голем успех последната година е договорно производство на бессемена лубеница, проект кој им беше повеќе од успешен. А денес имавте прилика на трибината предмалку, да чуете и за условите и за новата сезона, посебно гостите од село Егри, каде лубеницата им е заштитен знак.

2.Фреш лајн-признание за Промоција и развој на договорно производство

СН Осигурителен брокер веке 6 години се лидери во земјоделското осигурување. Претставуваат посредници меѓу земјоделцте и осигурителните компании и имаат висок процент на успех и доверба од земјоделците. Иако основачите се млади мажи, многубројни се жените кои умешно го креираат успехот на компанијата. Секоја година, поуспешни и побројни, со поголема и посилна доверба кај земјоделците, токму затоа оваа година им доделуваме признание за

3.СН Осигурителен брокер – Лидери во земјоделското осигурување

Земјоделскиот комбинат Пелагонија постои долги години, обработува многу голема површина под растително производство а исто така одгледуваат и говеда. Нивните успеси се забележителни и големи, и заслужуваат да добијат признание за

4. ЗК Пелагонија – Најуспешен земјоделски комбинат во РСМ

(признанието го прими уште една убава и успешна жена г-ѓа Ана Ѓоргиев

 

Маргарет тачер рекла, „Ако сакаш нешто да се каже, прашај маж, ако сакаш нешто да се направи, прашај жена“. Во продолжение следат признанија за жени кои со своето постоење, дале и даваат значаен придонес, секоја во својата работа, ги поврзува руралната жена и земјоделството, моќни жени, но секоја убава, умешна, успешна на свој препознатлив начин и стил.

Таа е долги години на чело на организацијата на жени, поттик, поддршка, едукација, сила за жените и освестување во секој можен поглед, макотрпна борба за родова еднаквост. Денес е тука, заедно со гарда од свои жени, кои приготвија највуксни традиционални јадења … кога жена на жена и дава помош и поддршка, тогаш тоа навистина треба да се вреднува…а каква е разликата меѓу жената во градот и руралната жена, некогаш и денес, може и таа кратко да ни опише. Светлана Петковска-претседателка на организација на жени на о.Битола

5.Светлана Петковска – 30 годишна едукација за освестување на жените

Таа е една и единствена, во земјоделскиот сектор вклучена многу одамна, најпрво како новинар, како фармер а потоа и од другата страна како советник и експерт за земјоделската област. Мnогу борби има поминато, и секогаш е на страната на вистината. Со нејзината платформа Агротим, максимално е вклучена во земјоделскиот сектор, како помош на земјоделците но и на земјоделските институции и ресорни министерства. Приоритет и е едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

6. Ленче Николовска – Исклучителен придонес во развојот на Македонскиот аграр и промоција на земјоделска политика на ЕУ

Следната жена е млада, успешна убава, а сепак има свој придонес со 30 годишно искуство, управувајќи една од најголемите фирми на Балканот. Низ годините учела многу од својот татко г-н Славко Петровиќ, својот брат, сопруг, за да застане силно во првите редови на компанијата со непоколеблива посветеност и непроценливи придонеси, за исклучителен успех. Нејзиниот ентузијазам за прифаќање на нови предизвици е инспиративен, затоа што денес компанијата Синпекс може да се пофали со многу успешни претставништва во Србија и Босна, и со мотив и желба за уште поголемо проширување низ Балканот.

7. Христина Фуна – 30 години извонредно лидерство, непроценлив придонес и движечка сила за трасирање на патот за успех и раст.

 

Од безбројните предлози, избравме земјоделци, од различни сектори, кои заслужија да го добијат признанието за најуспешни на оваа наша престижна манифестација.

Категорија Земјоделци:

  1. Зоран Гелдиновски- Најуспешен млад земјоделец

  1. Оливера Ристевска – најуспешна жена фармер-со најголема искористеност на Национални и ИПАРД фондови

  1. Мандра Пелистерски овчи производи – најуспешни производители на овчи производи на традиционален начин

  1. Мирјана Ангеловска –  најуспешна жена фармер-производител на здрава храна од шумски плодови

  1. Драган Јовановски – Најуспешен производител на пиперка ајварка

Наградените 5 земјоделци, добија и ваучери од по 5000 денари како мотивација и благодарност што вредно работат и го трасираат патот и за помладите амбициозни почетници во оваа област.

Во склоп на Манифестацијата се одржа и трибина за „Договорно производство на бессемена лубеница“, со надеж дека следната сезона ќе има успешен подем и во пелагонискиот регион.

ЗЗ „Современо Земјоделство“ ќе продолжи да ја исполнува својата мисија за промоција на земјоделството во државата кон сите, со посебен акцент на младите земјоделци, и жената земјоделец. Наша цел е преку промовирање на различни поволности и придобивки да натераме што повеќе млади луѓе да започнат да се занимаваат со оваа гранка од стопанството.

ПР

 

Фотогалерија:

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *