Се одржа манифестацијата за избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2019 година

Вести

Втора година по ред и единствена од ваков вид манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“  се одржа во Битола.  На едно место, земјоделци, агробизнисмени, трговци, претставници на инсититуции, компании, банки, осигурителни компании…сите чинители во земјоделскиот сектор без кои не може да се замисли едно современо земјоделско производство. Се доделија неколку признанија од различни области.

Воопшто не е лесно а ниту едноставно да се работи повеќе од две децении со целосна посветеност токму на секторот земјоделство. Да се биде човек кој бил во зачетоците на формирањето на земјоделските здруженија во државата, воопшто. Менаџер, координатор на невладиниот сектор со извршната власт. Човек кој бил и во приватниот и во државниот сектор, знае најдобро за поддршка, подкрепа, посветеност, упорност. Токму затоа, признание за најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство со 23 години посветеност во осовременувањето на земјоделскиот сектор во Р.С. Македонија, му беше доделено на актуелниот министер Трајан Димковски. Признанието во негово оправдано отсуство го подигна заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Благе Цветковиќ, кој воедно, со поздравен говор го прогласи настанот за отворен.

-Почитувани гости, драго ми е што сум дел од ваков настан, каде сите чинители од секторот се на едно место. Ние како министерство и понатаму ќе продолжиме да работиме во насока на осовременување на секторот земјоделство и да донесуваме мерки во корист на најважните-земјоделците, истакна Цветковиќ.

Признание за најуспешен премиер со исклучително залагање за развој на земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија, доби г-динот Зоран Заев. Во негово име, се заблагодари посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство Ленче Николовска.

-Почитувани земјоделци, почитувана г-ѓа Петровиќ, почитувани присутни. Во името на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Г-динот Зоран Заев ви се заблагодарувам на укажаната чест и доверба. Земјоделското производство за Владата има приоритено значење а земјоделците и агробизнисмените го имаат местото кое го заслужуваат. Премиерот Заев со особено внимание ги следи состојбите во агросекторот и активно учествува во креирањето на мерките, во поддршката која ја дава владата преку земјоделските субвенции, поддршката на пласманот, инвестициите во системи за наводнување, изградба на откупно-дистрибутивни центри, развој на договорното производство и многу други мерки кои значат подобрување на состојбата во земјоделството. Современото земјоделско производство е целта кон која се движиме, а тоа може да се постигне со ангажирање на сите чинители во овој процес, земјоделците, институциите и науката. Затоа особена чест ми претставува што втора година сме заедно на едно место, разговарајќи на земјоделски теми и дружејќи се. Уште еднаш голема благодарност и поздрав од Премиерот Заев, рече Николовска.

Изминатите две години на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, беше Љупчо Николовски, кој успешно ги реши сите напластени проблеми, воспостави отворен пристап со земјоделците и со сите чинители вклучени во секторот. Ги активира сите подсекторските групи во кои членуваат земјоделските здруженија, стопанските комори, науката, секторите од МЗШВ, и со заеднички предлози сите мерки дадоа позитивен резултат. Исплатени беа заостанатите долгови за субвенции а започнати и реализирани беа многу крупни проекти, важни за развојот на земјоделството. Успешно започнати подготовките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за претпристапниот дијалог со ЕУ, и отворена комуникација со земјоделците и со сите чинители во секторот, за создавање на модерно и конкурентно земјоделство кое ќе биде стожер на нашата економија.

Токму затоа Љупчо Николовски доби плакета за најзначаен придонес во развојот и унапредувањето на земјоделскот сектор во историјата на Р.С. Македонија.

Оваа година ни пристигнаа голем број на предлози, кој се, треба да добие признание за својата работа во оваа област. И навистина беше многу тешко да се направи изборот, посебно во година во која се донесени голем број на мерки за поддршка на земјоделството. Затоа, не се штедеше на убави зборови и признанија за оние кои тоа навистина го заслужиле, за да добијат поттик уште повеќе да се вклучат во земјоделството и тоа да им биде приоритена гранка и пристојна егзистенција. Признанија добија многу други реномирани компании, стопанственици и земјоделци.

  1. Бис промет Агроцентар ДОО- Лидер во производство и продажба на семенски материјал од житни и фуражни култури
  2. СН Осигуротелен Брокер АД Битола- Најдобар осигурителен партнер на земјоделците и сточарите
  3. Илчо Даскаловски- Најголем производител на традиционално биено сирење од сопствена фарма
  4. Методија Илиевски- Проширување и осовременување на техничките простории и капацитети на МЗШВ ПЕ Битола со отворање на дисперзирани канцеларии во општина Новаци и општина Могила
  5. Гео балкан Дооел Битола- Успешно спроведување на првите проекти за консолидација на земјоделско земјиште во Пелагонискиот регион
  6. ЈП Пазари – Значајна соработка со земјоделските призводители
  7. Бајер АГ- Значаен придонес во земјоделскиот сектор
  8. Сеќе Крушево- Лидер во откуп, преработка и трговија со тутун
  9. Зоран Пачешкоски- Значаен придонес во земјоделството во прилепскиот регион
  10. ЈП Стрежево – Успешна соработка со земјоделските корисници на вода
  11. Ангела Ѓероска Ѓуровска- Воведување нови технологии во земјоделскиот сектор
  12. ЗК Пелагонија- Најголем земјоделски комбинат во Р.С. Македонија
  13. Централна Кооперативна банка АД Скопје- Сигурен и конструктивен партнер на земјоделците
  14. Везе Шари- Лидер во живинарството и производството на конзумни јајца во Р. С. Македонија
  15. Општина Новаци-Значаен придонес во земјоделството за својата општина
  16. Општина Долнени-Значаен придонес во земјоделството за својата општина
  17. Општина Крушево-Значаен придонес во земјоделството за својата општина
  18. Општина Ресен-Значаен придонес во земјоделството за својата општина
  19. Ирена Ристевска, Успешна млада жена-земјоделец
  20. Вендим Усеиновски село Кишава – значаен придонес во сточарството за пелагонискиот регион
  21. Дооел Либхер-најуспешна земјоделска фирма со користење на најсовремен трактор и механизација
  22. Поледелство Ерџелија-најголем производител на сончоглед во државата
  23. Жито Брест-значен придонес во прехранбениот сектор
  24. Прехранбена индустрија „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ Велес-Производство на најпрепознатливиот бренд, масло Кристал од висококвалитетно сончогледово семе
  25. СОЗУ Кузман Шапкарев – Битола-Современа едукација со примена на практична настава
  26. Сокотаб  Дооел Битола-Лидер во тутунската индустрија во Р. Македонија
  27. Марјан Трајчевски-млад земјоделец, производител на органска круша
  28. Сојуз на одгледувачи на овци на Р.С. Македонија – Значаен придонес во развојот на сточарството во Р.С. Македонија
  29. ЈП Комуналец Битола – успешна соработка со земјоделскиот сектор во општина Битола
  30. Ветеринарен Факултет Битола- Успешно едуцирање на стручни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина
  31. Ветеринарна амбуланта Дооел „Филипов“- Најуспешни во областа на ветеринарната медицина и здравствената заштита на домашните животни во пелагонискиот регион
  32. Општина ресен – ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈ И ПРОМОЦИЈА НА ОВОШТАРСТВОТО
  33. Блерим Бесими-најуспешен производител на квалитетни  јаболка  во преспанскиот регион
  34. Менде Ивановски-претседател на МАЗЗ-Прва земјоделска задруга во Р.С.Македонија, која успешно функционира 10 години
  35. Пере Транталовски-најголем производител органско производител на лешник и малини во преспанскиот регион
  36. ИЗ „Беџет“, село Канатларци – успешен земјоделец на растително производство
  37. Марко Трпчевски-успешен млад земјоделец
  38. Spirit of Prespa – Значаен придонес за развој на руралниот туризам во Преспанскиот регион
  39. Николче Петровски-25 години успешно раководење во ЈП за стопанисување со пасишта, подружница Ниџе Битола
  40. Драган Манев, село Паликура, Росоман. Наголем производител на оргаски зеленчук.

На настанот присуствуваа близу 500 гости, се дружеше, веселеше и разговараше. Животот не е само работа, потребни се и ваквите средби на кои меѓудругото се разменуваат мислења и се создаваат нови пријателства. Здружението Современо Земјоделство ќе ја продолжи оваа манифестација и следната година, надевајќи се на традиционална средба на која ќе им се оддава признание на најдобрите во своите области.

М-р Билјана Петровиќ

 

 

 

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *