Се укинува понудата 1+1 гратис

Вести

Гранција планира да укине една од најпопуларните продажбени понуди на храна кога за еден купен добиваш еден производ гратис во супермаркетите за да им гарантира поголема заработка на фармерите.

Оваа мерка е дел од поширок закон за храна и земјоделство, кој е претставен од Владата, а чија цел е регулирање на минималните цени на храна и ограничена распродажба во Франција.

Фармерите, кои се значајно бирачко тело во Франција, долго се жалаат на војна на цените меѓу продавачите на мало за кои велат дека се добри за купувачите, но ги погаѓа производителите.

„Тоа ќе биде олеснување за продавачите на мало кои ќе можат да ги намалат маржите на други производи и подобро да го платат производот“, вели министерот за земјоделство Стефан Траве, додавајќи дека ова се однесува само на храната.

Додаде и забраната на методот за еден купен да се добие друг производ гратис, кој не е толку чест во Франција како во Британија, ќе помогне да се намали фрлањето храна.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *