„СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп: Немаме никаква поврзаност со рускиот бизнисмен Иван Савидис

Вести

Компaнијата „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп ги демантира сите тврдења за каква било поврзаност на компанијата со рускиот бизнисмен Иван Савидис, како и наводите за поврзаност со Владата, премиерот Зоран Заев и која било политичка партија во Македонија.

-Наводите во текстот објавен од страна на порталот„Економски лидер“ на 3 ноември, под наслов „Ексклузивно: Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести“, дека рускиот бизнисмен Иван Савидис е сопственик на компанијата „СЕКЕ“ АД Грција и на правното лице „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп се апсолутно неточни. Истите невистини се повторуваат и во текстот под наслов „Власта под руско влијание: Царина ја стопирала истрагата за комбинатот на Русинот Савидис!“ објавен на истиот портал на 5 ноември и покрај нашиот демант, велат од „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп.

Нагласуваат дека компанијата „СЕКЕ“ АД Грција, чиј полн назив е „Корпоративно здружение на тутунопроизводителите на Грција СЕКЕ АД“ е основана во 1947 година и до денеска ја нема променето својата сопственичка структура.

-Категорично нагласуваме дека во сопственичката структура на „СЕКЕ“ АД Грција, никогаш не фигурирала личност со име Савидис. Сите наводи во објавените текстови на порталот „Економски лидер“ за некаква вмреженост на компанијата со Владата и нејзини претставници се апсолутно неточи, се вели во деманотот од „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп и се апелира до политичките партии да не наседнуваат на лажните информации.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *