Сива пегавост кај пченката

Вести Полјоделство Совети

Првите знаци на оваа болест може да се најдат на долните листови на пченката кои достигнале висина од половината до рамото на човекот. Оваа болест е многу опасна ако се развие во голема мера при фазата на метличење на пченката. Доколку растението се зарази шест недели после цветањето, тоа е веќе задоцнета заразa и болеста скоро и да не може да влијае на родот.

Болеста поинтензивно се развива кај постарите ткива, та да со самото стареењето, ткивото станува поосетливо на нападот од оваа болест. Кај одредени хибриди во поодмината фаза од развојот, лисната маса целосно се суши, што многу добро може да се забележи на крајот на август и почетокот на септември. За среќа, тоа нема поголемо влијание врз вкупниот принос. Причинителот на оваа болест е габата на Setosphaeria turcica (конидиски стадиум Exserohilum turcicum). Позната е и под старото име Helminthosporium turcicum. Сивата пегавост на листот ја предисвикуваат спорите на инфицирани остатоци од пченка од претходната година на површината на почвата.

Инфекцијата, во зависност од климатските услови, обично започнува во почетокот на јуни, кога од заразените растителни остатоци (лисја, лисни ракавици) се ослободуваат спори кои под дејство на ветерот и струењето на воздухот, се разнесуваат и на оддалеченост од два километри. Во самиот посев, спорите сe шират во дождовните капки. Поволните услови за раст и развој на оваа габа овозможуваат на секои десет дена појава на нова генерација на спори од габата, кои преку нови инфекции овозможуваат ширење на болеста.

За развојот на оваа болест погодни му се умерено топли и влажни климатски услови, кои се движат од 17 ° C до 30 ° C, што исто така придонесува за растот и развојот на оваа габа. Јак (епифитотичен) развој на оваа болест може да се очекува на умерени температури, обилни и чести врнежи и јака роса за време на вегетацијата, што би можело да биде особено опасно за посевот со пченка кој е наменет за силажа. Освен директна штета, оваа болест, исто така, предизвикува и индиректно оштетување која се манифестира со зголемена подложност на нападнатите растенија на габи кои предизвикуваат гниење на стеблото. Меѓу нив најпознати се габите од родот Fusarium.

Присуството на сива пегавост кај листот на пченката, многу е лесно да се согледа врз основа на карактеристичните пеги на листот. Прво, тие се појавуваат на плочата на листот, поретко на ракавот и на мовта. Најчесто листот добива сиво-зелена боја, а на врвот сива. Ширина до 3 см во должина и до 15 см со зашилен врв. На влажно време на самите пеги, може да се појави темнозелена до црна превлака. Во пегите на листот се формираат спори кои ја шират инфекцијата со директно продирање во ткивото на листот. Ако на плочата на листот се појават поголем број на пеги, тие се спојуваат, а листот се суши.

Ако листот се исуши во раната фаза на развојот на пченката, намалената асимилациска површина на растението може да влијае врз приносот. При силни ветрови и бури, средишниот изумрен дел од пегите, може да се уништи , а лисјата да се распаднат. Иако многу фактори влијаат на појавата на оваа болест, сепак во просек таа го намалува приносот за околу 30 проценти. Кај осетливите хибриди приносот се намалува и до 70 проценти.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *