Сончево со мала локална облачност и температури од 18 до 23 степени

Вести

Времето денеска претпладне долж Повардарието ќе биде магливо и со значително ниска облачност, кои попладне ќе се намалат.

Во останатиот дел од земјата ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, а попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено долж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *