Thursday, May 19, 2022

Зголемен водостојот на Дојранското Езеро

Вести

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Дојранското Езеро е за 2,65 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 15 сантиметри кај Охридското и за 1,58 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа водостојот на Преспанско Езеро на мерното место кај ХС „НАКОЛЕЦ” е осум сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм), а на Охридско Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум 693,10 (мнм).

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Бабуна, на мерното место кај Богомила, и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е малку повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Сепак, кај дел од нив се бележи благо зголемување на нивото во споредба со вчерашното.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *