Совети за градинари-почетници

Вести Градинарство Совети

Без разлика дали сте почетник или искусен градинар, секој повремено прави грешки, затоа што од грешките најдобро се учи, но ако некој постојано се образува во своето хоби, тогаш тоа се градинарите, особено оние што одгледуваат сопствена храна, па затоа грешат се  помалку.
Некогаш, луѓето инстинктивно чувствуваат каква  ќе биде следната година а тоа може да се заклучи со појавата и растот на божиќната пченица.

Кога Божиќната пченица растеше бавно, како што беше случај минатата година, може да се претпостави дека растот на вегетацијата во пролетта исто така ќе забави, бидејќи времето ќе биде студено долго време. Порано на сезонските градинари не им требаше ниту лунарен календар, бидејќи чуствуваа кое  семе е најдобро да го посадат.
И одгледувањето зеленчук воопшто не е тешко, туку треба само искуство и плускавци. Ниту Пикасо не насликал ремек-дело кога за прв пат седнал да слика. Ако сте почетник, лесно ќе бидете фрустрирани од каква било неочекувана појава, особено ако не знаете како и зошто се случило.

Еве неколку вообичаени грешки кои се типични за зеленчуковата градина и како да се избегне тоа. Ако сте почетник, започнете со мала градина.  Многу е подобро да се одлучите за мала, здрава градина отколку за голема градина каде растенијата умираат поради неправилна и недоволна грижа. Размислете колку време имате и колку можете да посветите на вашата зеленчукова градина и соодветно испланирајте ја големината на обработливото земјиште.

Градинарите почетници прават типична грешка што не придаваат важност на подготвувањето градинарско земјиште. Почвата во градината  ги храни вашите растенија, за да ги одржите здрави, почвата мора да биде здрава . Прво отстранете ја тревата, камењата и другите работи што ја покриваат почвата што сакате да ја засадите. Ископајте од  почвата на едно место, извадете ја со  рака и стискајте. Ако лесно  се направи  грутка, поцвата е леплива  и тешко  се рони, веројатно има висока концентрација на иловица. Во земјата  како оваа, проблемот е во  слабатата  циркулација на воздухот и дренажата.

Ако земјата е премногу кафеава и изгледа зрнеста, може да имате песочна почва. Високата количина на песок не ја задржува водата добро и почвата се суши брзо, оставајќи премалку влага на растенијата. Песочните почви обично немаат потребни хранливи материи за развој на здрави растенија.

Со додавање на органски материјали, исто така, се  подобрува текстурата на почвата, дренажата и добивањето на корисни микроорганизми. Може да направите и тестирање на почвата во специјализирани институти. Потоа добиете поцелосна слика, вклучувајќи го нивото на микро и макронутриенти и pH вредноста, така што точно ќе знаете што треба да направите. Ова е многу важен чекор за одгледувачот кој сака да има здрава и плодна градина полна со зеленчук.

Пред садење, проверете дали се изложени на целосно сонце најмалку 6 часа на ден. Ако не е сончево најмалку 6 часа на ден, зеленчукот ќе расте и ќе зрее помалку.

Градинарите почетници често прават грешка размислувајќи дека нивниот зеленчук ќе биде подобар ако го прихранат  повеќе, но тоа има  спротивен ефект. На растенијата им е потребна  урамнотежена исхрана, а премногу исхраната, всушност предозирање, може да ги направи болни, па дури и да умрат. Најбезбедно е да се следат упатствата на производителот. Најдобро е да користите органски ѓубрива.

Многу  градинари сакаат да добијат изобилство и добри приноси од зеленчукот со што прават грешки со   прекумерно наводнување. Премногу вода може да предизвика многу проблеми, вклучувајќи гниење на коренот  и разни болести. За да проверите дали на вашиот зеленчук му е потребно дополнително наводнување, едноставно ставете го прстот во земја и ќе почувствувате дали е сув или сеуште има влага под површината. Ако е суво, препорачливо е да се напојат растенијата. Ако е влажно, повторете го тестот следниот ден.

Најдобро е да се избегне наводнување на растенијата одозгора, иако е најлесно да се земе цревото и да се насочи млаз вода кон нив. Наводнувањето на ниво на земјата е најдиректно, бидејќи ќе овозможи водата да навлезе директно во коренскиот систем и со тоа да се заштеди на вишок на отпад од вода. Не користете јак млаз бидејќи може да ја уништи почвата и да го излупите коренот на растението.

Редовното наводнување  е исто така важно за добар развој на коренот и отпорност на растенијата од болести и штетници. Поретко и пообилно наводнување е подобро од честото и површно, бидејќи помага за подобро развивање на корените .

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *