Оваа пролет, засадете сончоглед!

Вести Полјоделство Совети

Субвенции за сончоглед согласно засеани површини:

Од 1-5 ха субвенциите се 15 000 ден од хектар.

Ако насеете од 5 до 20 ха, тогаш субвенциите се по 23 160 денари од хектар или вкупно ќе добиете 463 200 денари.

За 40 ха насеани со сончоглед ќе добиете по 20 280 денари од хектар или вкупно 811 200 ден.


За тие агробизнисмени што ќе насеат 100 ха под сончоглед , субвенциите се по 10 632 ден. од хектар или вкупно 1.063 200 денари.


Напомена, за да се добијат овие субвенции земјоделците мора да користат сертифициран семенски материјал и да имаат производство над 1 500 кг од хектар. 


На овој начин се гарантира дека субвенциите ќе имаат развојна компонента, а не да се мисли дека ќе се насее и ќе се земат субвенции.


Откупот ви е гарантиран со склучување на договор со откупувачот, а цената ќе биде пазарна, но со примената на сите потребни агротехнички мерки и поволни климатски услови, ќе добиете добар принос со кој ќе имате исплатливо производство.


Активноста на работната група за сончоглед, како и Асоцијацијата на производители заедно со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, ќе го следат целиот процес од сеење до откуп на родот и при тоа ќе се даваат потребните информации за навремена заштита, прихрана, ѓубрење…се со цел да се добие добар и квалитетен род и да се оправдаат субвенциите а и да се заработи. 

 

Статус на посебната советничка за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *