Тие се исклучително досадни текот на летото, не будат среде ноќ, бидејќи не касаат и ни го уништуваат задоволството. Од каснувањето не чеша, а најсилно од нападите страдаат децата. Постојат модерни начини за справување со инсектите, како поставување на мрежи, подмачкување или прскање со посебни репеленти или користење на различни електронски уреди, вклучувајќи ги и оние со таблети или течности. Но во минатото последните две не постоеле, а денес предизвикуваат алергии на многумина. Затоа е добро да се потсетиме како нашите баби се справувале со комарците. Се разбира, тие се потпираат целосно на природни средства, кои ги имаме и денес.
Маточината е добро позната дома и се користи најмногу за подготовка на чај, кој делува смирувачки. Растението сепак е непријател на комарците поради деликатната арома на лимон. Затоа ако поставиме саксија со свежа билка пред прозорецот, има огромна шанса да ги протера натрапниците.
Мачкино нане е друго растение кое ги прогонува комарците. Тоа е затоа што содржи супстанцијата непеталактон. Познато е уште како мачкина трева и е лесно за одгледување.
Пиретрум е познатата како диворастечка маргаритка. Сè, од неа го бркаат комарците – и лист и стебло. Причината е во содржината на растеителната супстанца која делува паралицирачки на инсектите. Одличен начин за справување со нив се букетче од маргаритки на различни места во куќата. Но работа врши и течноста со која можете да го нанесувате.
Босилокот исто е непријател на комарците, а многу домаќини го одгледуваат дома, за да им е на дофат на раката како зачин. Поместете ги саксиите пред прозорците и ќе ги протера инсектите. Можете исто така да натопите сецкани листови од босилек во топла вода, да се стави течноста во спреј и да ја користите против нив.
Лавандата е едно од најмоќните средства против комарци. Можете да ја одгледувате во саксија дома. Но, ако не сте сигурни дека ќе се справите, имајте доверба на етеричното масло или алкохол за мачкање од лаванда.
Нането е исто така добра опција. Тоа прогонува и мравки, муви и болви и исто е лесно за одгледување дома. Делува смирувачки на луѓето и затоа ништо не ви пречи да распрснаете свежи листови низ домот.
Невенот исто така се справува добро со комарците.