Сточарство – календар за месец ноември

Вести Совети Сточарство

Говедарство

Во месец ноември преминуваат кон услови на зимско одгледување. Хигиената во шталата треба да биде на високо ниво, боксот и постелките треба да се суви и чисти, воздухот исто така сув и чист, без ладни струи. Потребно е исхраната да биде во согласност со сотојбата на животните –бременост, лактација, сувостоен период. Храната треба да биде правилно избалансирана. Сувата храна да биде заштитена од влага, а силажата и другата ферментирана храна да се чуваат на начин кој што нема да дозволи појава на гнилежни процеси.


Овчарство

Во вториот период од бременоста, поради зголемените потреби од енергија и протеини, овците мајки треба да се хранат само со висококвалитетна храна. Незаменлива храна се квалитетното ливадско сено или луцерката, на кои треба да им се додаде концентрирана сточна храна, а може и пченкина силажа. На овците мајки треба да им се обезбеди пристап до сол и минерални мешавини во форма на блокови.

Козарство

Козите потешко се прилагодуваат на преминот од пасишта кон шталски начин на одгледување. Тие го губат апетитот, земаат недоволно храна и ослабуваат. Заради тоа преминот кон шталски начин на исхрана треба да се одвива постепено во текот на 10 – 15 дена, при што секојдневно постепено се намалува пашата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *