Стручен совет: Заштита од полжави

Вести Совети

Полжавите можат да направат значителни штети на растителните посеви, особено во подрачја со голема влажност, покрај реки и потоци, покрај шумски појаси,во пластеници и стакленици. Штетите главно ги прават полжавите без заштитни куќички или познати како голи полжави. Тие се хранат со грицкање на сочните лисја од младите растенија во расадот од зеленчук или подоцна со лисја од салата, зелка, спанак и т. н. Ги напаѓаат сите градинарски растенија , освен кромидот и лукот. Покрај директните штети со грицкање на лисјата, полжавите на нив оставаат траги од лигава-слузава материја која ја лачат во текот на развојот.

За нормален развој на полжавите потребна е оптимална температура од 12 –22 С , и умерена влажност на почвата од 20 – 40%. Ниската влажност претставува опасност за нивниот развој и доаѓа до угинување. Полжавите се уништуваат со превземање на интегрални мерки за заштита, кои подразбираат отстранување на поволните услови за појава и развој, препреки од прашкасти материи кои причинуваат дехидрирање ( пепел, вар ), кои се распрашуват околу растението и служат за уништување на полжавите. Овие материи ја одземаат влажноста од полжавите. Најдобро делуваат кога е суво. На патот на движењето на полжавите или околу растението може да се употреби и минерално губриво. Тоа има исто дејство како пепел или вар. Поставените остри лимени препреки по ивиците на леите, пластениците и стаклениците претставуваат одлични и трајни препреки за заштита од полжавите. Мамците за исхрана се користат да ги привлечат полжавите. Стари конзерви или пластични чаши укопани во почвата, а ивиците на предметите да бидат рамни со почвата и наполнети со пиво ги привлекуваат полжавите, кои влегуваат во нив и гинат.


Хемиските средства за уништување на полжавите се викаат Limacidi. Најчесто се во форма на гранули кои се растураат околу растенијата, но никогаш директно врз растението и тоа во вечерните часови кога почнуваат полжавите со активност и штетите ги прават во ноќните часови и рано наутро, а потоа се повлекуваат во почвата или во потемните делови во просторот.

Кај нас на пазарот ги има препаратите Mesurol granulat и Limasan, Кои се употребуваат од 30-50 гр./100м2. За уништување на полжавите во некои земји веќе долго се применува специјална паста во вид на гел на база на сапун. Таа се нанесува на почвата, приземните делови на конструкцијата кај затворените објекти, дрво или метал или на бетонски патеки.

„ Современо Земјоделство “

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *