Жените земјоделки за првпат ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 3.000 евра

Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември 2019 – та година. Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј носител е жена, запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе

Подготвителен период за подготовка на документација за користење на средства од ИПАРД 2 Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи

„Со помош на средствата од оваа мерка ќе може да се реализираат инвестиции за преработка и производство на: млеко и млечни производи, месо и месни производи ( вклучувајќи и јајца, живина), овошје и зеленчук ( вклучувајќи печурки, компири и илегуминозни култури), житарици, млечни продукти и скроб, зеленчукови производи, масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет„ – појаснува Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Србија ќе ги користи македонските искуства за искористување на средствата од ИПАРД програмата

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и неговиот заменик Авдул Селам Селами,  оддржаа работен состанок со директорката на Управата за аграрни плаќања на Србија, Билјана Петровиќ.

Share
Прочитај повеќе

Продолжен рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко и за заклани несилки

Новиот рок за доставување на барањата е 22- ри ноември 2019 – та година.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Субвенциите се исплаќаат неселективно и во еден ден

Бабовски, посочува дека од стапување на функцијата директор на АФПЗРР, до денеска, исплатени се вкупно 319,3 милиони евра. Дел од средствата кои се исплатени се и за стари наследени долгови за неисплатени субвенции од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016- та година.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Исплатени близу 138 милиони денари за субвенции за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 2.944 субјекти, исплати близу 138 милиони денари за градинасрки култури, предадени во преаботувачки капацитети. Станува збор за исплата на средствата од мерката 1.7, односно, исплатени се субвенциите од дополнителната мерка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Во Велес се одржа Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

Форумот се организира во склоп на едукативната кампања на ИПАРД Програмата. Како дел од истата претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до сега ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид на посебни инфо денови. Инфо деновите од Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 ќе продолжат и оваа недела, и тоа: на 25. октомври 2019 година во 11.00 часот во ресторан Галија во Калиште и во 15.00 часот во салата на општина Вевчани.

Share
Прочитај повеќе

Започна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко и за заклани и предадени несилки во преработувачки капацитети

Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски  најдоцна до  5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски:На располагање се нови средства за поддршка на рибарството и аквакултурата

Сите кои имаат рибници и во период од 1- ви јули до 30 – ти септември  насадиле подмладок, односно, порибителен материјал од сопствено или признато производство, од денеска  ќе може да аплицираат за поврат на 40 % од вредноста на набавениот или на сопствениот подмладок. Средствата  за оваа мерка се обезбедени преку Програмата за рибарство и аквакултура. Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства е 25- ти октомври 2019 – та година.

Share
Прочитај повеќе

Димковски и Бабовски во посета на винарница во Росоман: Со мерките од ИПАРД 2 се јакнат постоечките погони и се отвораат нови преработувачки капацитети

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска ја посетија винарницата „Мовино“, во Росоман, којашто е корисник на мерките од ИПАРД 2 програмата.

Share
Прочитај повеќе