За прв пат, после 12 години од имплементацијата на ИПАРД програмата, државата нема да враќа пари во ЕУ

Мерката им овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана.

Share
Прочитај повеќе

Инфо ден за ИПАРД утре во Струмица, ќе присуствуваат министерот Димковски и директорот на АФПЗРР – Бабовски

Утре, (10.01.2020 година), петок, во 11.30 часот, во Домот на АРМ во Струмица, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ќе присуствуваат на работилницата во склоп на инфо-деновите коишто се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Share
Прочитај повеќе

Инфо денови за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Распоредот и програмата за инфо деновите се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Од утре, инфо деновите започнуваат во Ранковце и Свети Николе.

Share
Прочитај повеќе

Потпишани договорите од вториот повик за млади земјоделци, од следната година поддршката се зголемува на 20.000 евра

Денеска започна потпишувањето на договорите за мерката „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Финансиската поддршка за оваа мерка е до 10.000 евра во форма на грант.  Вкупно се потпишуваат 102 договори.

Share
Прочитај повеќе

Објавен ИПАРД повик за „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“

Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 137,3 милиони денари за јаболкарите, кои од реколтата 2018 ги предале јаболката кај регистриран откупувач

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 1.566  субјекти исплати вкупно 137,3 милиони денари за мерката „Директни плаќања за произведено и предадено јаболко кај регистриран откупувач.“

Share
Прочитај повеќе

Пуштен најголемиот ИПАРД проект во истoријата во Струга

Сопственикот на компанијата Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што како што подвлече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење на домашни добавувачи во процесот на производството.

Share
Прочитај повеќе

Република Северна Македонија успешно ги имплементира препораките од Европската Унија во областа на земјоделството

Делегација од Република Северна Македонија предводена од заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, Авдул Селам Селами, присуствуваа на објаснувачкиот состанок кој се оддржа во Брисел.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ:Преку мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините, се подобруваат условите за живот во секоја општина во државата

-Денеска ја посетивме локацијата кадешто веќе се реализира едниот проект преку мерката „Инвестиции во локална патна инфраструктура (за поврзување на села со регионален пат или со населено место-град во должина до 7км“, односно на местото кадешто се гради локалниот пат од село Градче до Кочани. Овој пат е од големо значење за жителите, бидејќи значително ќе се намали времето за патување, истакна министерот Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено грозје во преработувачки капацитети

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на финансиска поддршка во земјоделството дека од денеска до 25- ти декември 2019 година, може да се поднесуваат барања за добивање на средства од мерката 1.20 – а.

Share
Прочитај повеќе