Од Битола започнува едукативната кампања за зголемување на земјоделското осигурување „Не гледај во небото, осигури се!

На трибините, покрај земјоделци, стопанственици, претставници на осигурителните компании, учество ќе земе МЗШВ, АПРЗ, АФПЗРР и Посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство во КПВРСМ, Ленче Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Селами: Полошкиот регион ќе развие 13 проекти со буџет од 194.922.194 денари

Полошкиот регион во Република Северна Македонија е еден од регионите што има поширока застапеност во земјоделскиот сектор и широк опсег на плодно земјоделско земјиште, каде што голем дел од местата, особено во околните села, главно се занимава со земјоделски активности и единствено постоење на земјоделците во овој регион е тоа.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на системи капка по капка

Од денеска започна потпишувањето на 43 –те договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи  дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.

Share
Прочитај повеќе

До крај на мај земјоделците ќе може да конкурираат за набавка на трактори

Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% до 75% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

Јавен повик за набавка на трактори до 3.500.000 денари  прифатливи трошоци по поединечен корисник.

Share
Прочитај повеќе

Околу 3.000 земјоделци веќе поднеле барањe за субвенции за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира корисниците на финансиската поддршка, по пополнување на барањата да ги проверат податоците, онаму каде имаат одредени отстапувања потребно е во рок од 30 дена да извршат корекции. Рокот за поднесување на барања е до 30-ти мај 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Започна аплицирањето по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај.
Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица. 

Share
Прочитај повеќе

Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018, денеска се исплатија над 27 милиони евра

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати над 80 отсто од вкупно планираната сума за субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.

Share
Прочитај повеќе

Тече повикот за набавка на добиток до 6.500.000 денари по корисник

Мерка 121.1 – Набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи согласно Законот за сточарство (регистрирани во Регистарот на признати организации на одгледувачи на добиток.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување на овошни насади, вклучително и за насадите со јаболка

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано пд рокот кој го бараа овоштарите.

Share
Прочитај повеќе